Услови и правила за продажба

Цените на сите производи на веб-страната се изразени во денари и со пресметан попуст. За да се нарача производ секој купувач може но не е задолжително да се регистрира. По успешното завршување на нарачката на вашиот e-mail ќе биде испратена порака со детали од нарачката и за потврда на истата.
 
Начини на Плаќање:  stolici.mk ви овозможува плаќање на нарaчката при достава.

Општи услови

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу. stolici.mk не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт.

За сите понудени производи ќе се потрудиме да имате автентична фотографија, како и опис на производот. stolici.mk го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, во случај кога ќе постои ризик од губење на битни информации при преводот, и/или нема иста или слична терминологија на македонски јазик.

stolici.mk максимално ќе ги користи сите свои ресурси за сите артикли на овој веб-сајт да ви бидат прикажани со своите исправни и ажурирани називи, спецификации, слики и цени. Сепак не можеме да гарантираме дека сите наведени информации и фотографии од прикажаните артикли се потполно исправни. stolici.mk го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Артиклите кои се со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини нема да бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата stolici.mk, може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време.

По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail со потврда на нарачката. stolici.mk го задржува правото да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување без да има било каква обврска да изврши никакво обесштетување или објаснување.